Скопје, 10 декември 2014 (МИА) – Министерството за финансии на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43 милиони и 300 илјади денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот Томи Мик Тобако Радовиш.

Средствата за обештетувањето, како што информираат од Министерството за финансии, се обезбедебни преку продажба на запленетиот тутун од компанијата.

На тутунарите тутунот им е исплатен по просечна цена за откуп во радовишкиот регион.

 – Со ова Владата останува доследна поткрепа на земјоделецот и заштитник на неговите права, наведуваат од Министерството за финансии во соопштението.

Comments are closed.

Close Search Window