20 април 2018 година, Вашингтон – Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народна банка Димитар Богов, од денеска учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во рамки на средбите закажани се состаноци со заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот на СБ за Југоисточна Европа, Европа и Централна Азија на Линда Ван Гелдер, со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк, со Пол Томсен, извршен директор на ММФ за Европа и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Јасмин Рахман.    

Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со двете институции.

Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и со теми како што се намалување на сиромаштијата и поттикнување на економскиот раст.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window