filip_nikoloski

Филип
Николоски

Заменик министер

Филип Николоски образованието го завршил на Економски факултет, насока менаџмент, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2001 година.
Вешт е во стратешко планирање и тактичко извршување, P&L операции и управување, управување со мулти милионски средства на фондови, алокација на средства, пензиско советување, инвестиционо советување, финансиска анализа, буџетирање, запишување на обврзници, како и во управување со ризици.

Меѓу лиценците со кои се здобива во текот на неговото работно искуство, се лиценцата за овластено меѓународно тргување со финансиски средства (ACI Dealing Certificate) издадена од ACI International во 2005 година, лиценцата за овластен инвестициски советник која ја добива од Комисијата за хартии од вредност во 2007 година, и сертификатот од Програмата за лидерски вештини (CEED), поддржана од USAID и SEAF во 2010 година. Николоски се стекнал и со сертификат за глобални хартии од вредност од Commerzbank Frankfurt, со сертификат за меѓународни финансиски операции од Академијата на банки во Франкфурт, со сертификат за корпоративно управување согласно Законот за трговски друштва издаден од Про Агенс, а поседува и бројни други признанија и уверенија во областа на инвестициски фондови и финансиски менаџмент.

Николоски има богата кариера во делот на инвестициско банкарство, финансиски анализи и управување со средства. Така, од октомври 2002 до мај 2017 година работи на неколку позиции во Комерцијална банка и тоа до мај 2009 година како финансиски аналитичар и раководител на инвестициско банкарство во Комерцијална банка, по што станува член на Управниот Одбор и втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво. Оваа функција Николоски ја извршува до мај 2017 година, период во кој вредноста на средствата со коишто управувале во двата отворени пензиски фондови во рамки на пензиското друштво пораснале од 80 милиони евра на 450 милиони евра.

Од 2017 година до стапувањето на функцијата заменик министер за финансии, Николоски, работи како независен финансиски аналитичар и инвестициски советник.
Николоски, покрај мајчиниот македонски, говори течно уште пет други јазици, како влашки, англиски, италијански, српски и хрватски.  

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window