13 јуни 2018 година, Скопје – Денеска и официјално започна со изградба колекторскиот систем во Скопје. Со неговата изградба ќе се унапреди инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје. На настанот присуствуваше Заменик министерот за финансии, Ширет Елези заедно со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Со изградбата на колекторскиот систем на брегот на реката Вардар  ќе се заштитат водите на реката и ќе се прочистат од отпадните води, но и ќе се реализираат главните предуслови за изградбата на пречистителна станица за Градот Скопје.

Проектот е финансиран со средства од ИПА 2 програмата во рамки на  “Повеќегодишната акциска програма за животна средина и климатски промени“.

Вкупната вредност на договорот за градежни работи изнесува 9,7 милиони евра, од кои 15 проценти се обезбедени од Буџетот на РМ.

Comments are closed.

Close Search Window