3 април 2020 – Во следните три месеци ќе се намалат ратите за кредитите на граѓаните од финансиските и лизинг друштвата за најмалку 70%, за кои нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци, провизии и казнени камати. Овие обврски рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата, или отплатата може да се продолжи за најмалку 90 дена. Ова е регулирано со денес донесените уредби за финансиски друштва и за лизинг.

Известувањето за новите услови граѓаните ќе го добијат преку веб-страницата на финансиското или лизинг друштвото, смс порака, е-пошта или друга електронска комуникација. – Доколку во рок од 10 дена не се изјаснат дека ја одбиваат понудата, истата се смета дека е прифатена.

За правните лица ќе се одлучува индивидуално, по барање на самиот клиент, доставено исто така електронски.

Нови договори за кредити, пак, може да се одобруваат со 3 месеци грејс период по барање на корисникот и во тој период ќе се пресметува само договорна камата.

Паралелно, со намалување на законската затезна камата, ставката на вкупните трошоци што се наплаќаат а кои досега изнесуваа 51% од вкупната сума на кредитот, сега се намалуваат на 31%. Останатите трошоци што досега не беа ограничени, сега се ограничуваат на 30% од одобрениот кредит.

Со овие измени значително се олеснува товарот за исплата на овие кредити, а воедно се намалуваат и трошоците за нивно сервисирање.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window