Скопје, 22 мај 2013 (МИА) – Владата на Република Македонија денеска ја издаде 12. емисија обврзници за денационализација во износ од 13 милиони евра, кои ќе бидат исплатени на 675 баратели, соопшти Министерството за финансии.

 

Со оваа емисија опфатени се сите решенија за денационализација кои станале правосилни од 1 мај 2012 до 31 декември 2012 година, а во кои како надомест се даваат обврзници. На сопствениците на обврзниците од страна на Централниот депозитар за хартии од вредност на домашна адреса ќе им биде доставено известување за личниот износ на емитувани обврзници.

 

Обврзниците за денационализација пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат за акции и удели на претпријатијата кои ги поседуваше Агенцијата за приватизација на Република Македонија, а по престанокот на нејзиното работење преминаа во надлежност на други државни институции, акции и удели на претпријатијата кои се резервирани за поранешните сопственици согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, за плаќање на побарувања пренесени со закон на Агенцијата на Република Македонија за управување со средства, а кои се предмет на продажба, за купување државен имот за чиј откуп е предвидена можност за плаќање со обврзници, за купување акции и удели на државен капитал во процесот на негова приватизација, за плаќање надомест за концесија на државен имот, купување или плаќање на закуп на државен имот и за плаќање обврски кои произлегуваат од Законот за денационализација.

 

Comments are closed.

Close Search Window