Скопје, 4 март 2014 (МИА) – Министерството за финансии денеска ја исплати мартовската пензија. На сметките на 285.637 пензионери префрлени се 3 милијарди 566 милиони денари. Минатиот месец пензиите беа покачени за 600 денари. Со тоа просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и сега изнесува 12.450 денари.

Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на оваа Влада, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Comments are closed.

Close Search Window