Скопје, 4 јуни 2015 (МИА) – Министерството за финансии денеска исплати 80.731.270 денари субвенции на 2.611 земјоделци по повеќе основи.

Како што информираат од Министерството, за засеани површини со житни култури на 805 земјоделци им се исплатени 25.398.786 денари. За засеана површина со добиточна храна, пак, на 510 земјоделци исплатени им се 1.769.999 денари. Исто така, за засеана површина со сончоглед и ориз на 275 земјоделци им се исплатени 1.250.505 денари.

За производство на сертифициран семенски материјал исплатени се 5 милиони денари, додека 4 милиони денари се исплатени за употребен сертифициран семенски материјал.

За градинарско производство на 212 земјоделци исплатени им се субвенции во износ од 3.373.663.

На 191 лозар, за одржување на лозови насади, денеска им се исплатени 18.232.955 денари.

Исплатени се субвенции за поддршка на сточарството на 523 лица и тоа: 10.357.000 денари за одбележани грла овци, 6.611.360 денари за одбележани грла говеда, 2.158.800 за пчели, 1.175.000 за јариња, 988.400 за грла јагниња и 258.000 за маторици.

Comments are closed.

Close Search Window