Скопје, 20 февруари 2015 (МИА) – Државата денес исплати 94.000.000 денари субвенции за полjoделство. Финансиска поддршка за посеани површини со полjoделски култури се исплатени на 7.181 земјоделец, соопшти Министерството за финансии. 

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари за хектар посеана површина со полjoделски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата изнесува 12.000 денари по хектар.

Владата на Република Македонија, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи и во иднина да го поддржува полjoделството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

Comments are closed.

Close Search Window