Скопје, 10 јули 2013 (МИА) – Министерството за финансии денеска исплати 338 милиони денари на 9.055 земјоделци за повеќе мерки.

 

Како што се наведува во соопштението, за продадени градинарски култури во преработувачките капацитети исплатени се 44,2 милиони денари на 1.541 земјоделец. За градинарско производство исплатени се 26,9 милиони денари на 1.347 лица. За контролирани услови на домати и пиперки исплатени се 9,4 милиони денари на 68 земјодлеци.

 

За житни култури со семенски материјал исплатени се 41,5 милиони денари на 615 земјодлеци. За оризова арпа исплатени се 11,2 милиони денари на 643 земјоделци, додека за мерката одгледување ориз, сончоглед, пченка и фуражни исплатени се 6,76 милиони денари на 1.354 лица. Исто така за мерката поледелски/житни култури исплатени се 2,3 милиони денари на 29 земјоделци.

 

За поддршка на овоштарството исплатени се 63,3 милиони денари на 1.428 земјоделци и тоа за одржување на постоечките овошни насади, подигање нови насади и продажба на овошјето на преработувачките капацитети. За поддршка на лозарството исплатени се 34,8 милиони денари на 53 лица за постоечки лозови насади, нови лозови насади, 2 денари по предадено грозје и лозов калем и овошен саден материјал.

 

За поддршка на сточарството исплатени се 37,9 милиони денари на 839 лица за одбележани грла говеда, грла кози, овци, маторици, приплодни грла свињи, за несилки, за бројлери, за ноеви, за пчели и за медоносна флора, за овчо, кравјо и козјо млеко.

 

Исплатени се и средства за мерките органско производство, осигурување и заштита на земјодлеско земјиште.

 

– Со исплатата на субвенциите Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат на определбата за поддршка на земјоделството како клучен сектор во македонската економија, стои во соопштението од Министерството за финансии.

 

Comments are closed.

Close Search Window