Скопје, 7 септември 2015 (МИА) – Караванот „Купи куќа, купи стан” продолжува во среда во Охрид. За поволностите што ги нуди проектот заинтересираните може да се информираат на презентацијата што ќе се одржи во Општината во 17 часот. 

На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

Comments are closed.

Close Search Window