Скопје, 1 септември 2015 (МИА) – Караванот „Купи куќа, купи стан“ што го организира Министерството за финансии утре ќе биде во Штип. Презентацијата за поволностите на проектот ќе се одржи во општинската зграда во 17:30 часот. 

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

Comments are closed.

Close Search Window