Скопје, 22 мај 2014 (МИА) – Владата на Република Македонија денес исплати 12,2 милиони денари од државниот буџет, како помош за штетите настанати од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Како што информира Министерството за финансии, од помошта за двете земји исплатени се по 6,1 милион денари, односно по 100 илјади евра.

Во соопштението се додава дека Владата одлучи сите средства коишто ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација, да бидат до денар исплатени како хуманитарна помош за Босна и Херцеговина и за Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ-то, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош.

Од Министерството велат дека ова е време кога треба да се покаже солидарност со граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина и кога секоја помош е добредојдена.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window