3 Мај, 2017, Скопје – Во Министерството за финансии денеска се одржа состанок со високи претставници на Светска Банка и со министрите. На состанокот СБ ги презентираше наодите од Систематска дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) за Македонија по што се дискутираше за истите. 


Покрај МФ Тевдовски како домаќин, на состанокот присуствуваше Линда Ван Гелдер, директор на СБ за западен Балкан, а презентацијата ја одржаа високи претставници на СБ во Р. Македонија. 
Присутни беа и ЗПВРМ Османи, МТСП Мила Царовска, МЗШВ Љупчо Николовски, МЗ Венко Филипче. 


Дијагностиката има за цел да ги разгледува бариерите и можностите за инклузивен и одржлив раст на земјата и ќе идентификува приоритети во политиките. 

По дијагностиката, Светска Банка ќе започне со подготовка на новата стратегија за партнерство со земјата, која има за цел поддршка на економскиот раст и просперитет за сите во земјата. 

МФ Тевдовски истакна дека приоритет на владата е токму подобрувањето на животниот стандард на граѓаните преку инклузивниот и одржлив раст на економијата. Владата работи на обезбедување економски напредок и ја цени соработката со СБ во сите области. 

Министерствата работат на реформите за унапредување на животниот стандард на сите граѓани во Македонија. Ваквиот стремеж за инклузивен раст и подобро опшетство се гледа во мерките содржани во соработката од соработката помеѓу Светска Банка, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика. 

Од овие проекти произлегуваат подобрувања на условите во детската грижа, социјалните политики, мерки за зголемување на вработеноста и за зголемување на продуктивноста на македонските работници. 

Comments are closed.

Close Search Window