16 јули 2018, Скопје – Примена на краудфандинг во Македонија, односно концепт на прибирање средства од поголем број инвеститори за финансирање компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Можноста за воведување на овој начин на финансирање во Македонија беше дискутиран на Советот за развој на пазарот на капитал, кој се одржа денес во Министерството за финансии.

Како што беше истакнато на Советот, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти. Беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарски канали.

Со Советот за развој на пазарот на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски, додека во него членови се гувернерот на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела – на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза.  

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window