29 август 2018 година, Скопје – Владата во соработка со ЈП за државни патишта ќе го реализира проектот за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир.
 

 
– Со оваа инвестиција се планира рехабилитација и проширување на патната делница со две коловозни ленти во коловоз со три ленти, рехабилитација на еден коловоз со две ленти и рехабилитација на еден коловоз со три ленти со вкупна должина од 13 километри. Патната делница Крива Паланка – Деве Баир е дел од источниот Паневропски патен коридор VIII, па со тоа придобивките од реализацијата на проектот би биле не само од национален, туку и од регионален интерес – потенцираше министерот за финансии Драган Тевдовски во експозето. Во собраниска процедура влезе Предлог-законот за гаранција на РМ на обвските по Договорот за заем за финансирање на оваа патна делница. Договорот за заем ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта.

За реализација на овој проект преку ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра. Дополнително се очекува во декември 2018 година да биде официјално одобрен и инвестициски грант во износ од 2,62 милиона евра од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ).
 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window