МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

 

                Министерството за финансии врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавува

 

ОГЛАС БРОЈ 4/2015 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ РАБОТНИК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

 

                Министерството за финансии објавува оглас за вработување 1 (едно) лице, на следново работно место:

 

1. Умножувач (фотокопирант), Одделение за општи работи, Сектор за правни работи (1 извршител)

   Потребни квалификации:

  • основно образование
  • без работно искуство;
  • дневно работно време од 8:30 до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
  • основна нето плата 13.006,00 денари.

 

Повеќе податоци за работните должности на лицето кое ќе работи во Министерството за финансии на работното место за кои е распишан огласот може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии објавен на следниот линк: http://www.finance.gov.mk/mk/node/13.

Заинтересираните кандидати треба да достават: кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса; фотокопија од свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за работното место и копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

 

Министерство за финансии

ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје

(со назнака „за оглас за вработување“)

 

или електронски на следниве e-mail адреси: verica.stoilova@finance.gov.mk и aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk.  

 

Доколку апликациите се доставуваат по пошта, на ковертот да се наведе бројот на огласот, со напомена: „Не отворај“. Доколку апликациите се доставуваат по електронски пат, потребните документи за аплицирање задолжително да се достават скенирани.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 20.10.2015 година.

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана.

По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на  Министерството за финансии.

Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

 

Лица за контакт:

Верица Стоилова – тел. 02/ 3255 619; verica.stoilova@finance.gov.mk

Александра Лулкоска – тел. 02/ 3255 760; aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk

Comments are closed.

Close Search Window