Скопје, 9 февруари 2016 (МИА) – Од утре стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Презентации утре ќе се одржат во 17 часот во театарот во Гевгелија, Домот на културата во Валандово и во општината во Дојран.

Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.

Покрај ова, граѓаните за овие два проекта може да се информираат и во подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ кои се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи, додека во Неготино, Демир Хисар, Делчево и Крушево во подрачните единици на Управата за јавни приходи.

Comments are closed.

Close Search Window