Скопје, 9 декември 2014 (МИА) – Со 800 илјади евра општина Карпош ќе ја подобрува инфраструктурата. Средствата се обезбедени од Светска банка за Проектот за подобрување на општинските услуги што го реализира Министерството за финансии. Договорот за користење на овие средства денес го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски.

Со Договорот ќе се изгради атмосферска канализација на седум улици во Влае 1 и улицата „Владо Тасевски“ и ќе се реконструираат две улици во Тафталиџе 1 како и улицата „Пецо Божиновски-Кочо“.
– Потпишувањето на денешниот Договор претставува значајна поддршка на општина Карпош, а корист од реализацијата на проектите ќе имаат 3500 жители од овие населени места, изјави Ставрески.

Според него, со овој Проект се решаваат значајни инфраструктурни проекти и оти досега се финансирани вкупно 34 општини во вредност од 26 милиони евра и дека во тек е подготовка на проекти од страна на 20 општини во износ од 21 милион евра.

Средствата кои се одобруваат, како што рече министерот, се под исклучително поволни услови, со каматна стапка од 0,6 проценти, рок на отплата од 13 години и 3 години грејс период.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски појасни дека со добиените пари ќе се изгради атмосферска канализација на улиците „Анкарска“, „Влае“, „Багдадска“, Алжирска“, „Борка Талевски“ „Франц Прешерн“ и краците на улиците „Франц Прешерн“ и „Корушка“. Ќе се изградат нови тротоари на улиците „Прашка“ и „Струшка“ и ќе бидат променети асфалтните слоеви на овие улици кои се изградени во 80-тите години.
Со овие средства, напомена, ќе се подобрува подземната инфраструктура. Како што нагласи, продолжува работатата која е во интерес на граѓаните.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window