Кавадарци, 28 август 2015 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денес отворија градинка во селото Ваташа.

Градинката е сместена во стариот објект на Домот на културата во Ваташа, а просторот е преадаптиран според сите стандарди што треба да ги исполи една ваква установа. За преадаптација на објектот се инвестирани 3,2 милиона денари, од кои два милиона денари од буџетот на општина Кавадарци, а 1,2 милиона преку Министерството за труд и социјална политика.

Во градинката ќе бидат згрижени околу 50-ина деца на возраст од една до шест години.

Градоначалникот Панов истакна дека со оваа градинка делумно се решава проблемот со недостигот на места во градинките и изрази надеж дека во блиска иднина ќе се обезбедат дополнителни средства и за изградба на нова детска градинка.

– Со вицепремиерот Ставрески разговаравме за темата која ни е врвен приоритет. Во моментов и во следниот период, се надевам до Нова година, ќе успееме да дојдеме до дополнителни средства од 20 милиони денари за изградба на нова детска градинка за што веќе имаме проект и одредена локација. Со тоа конечно ќе го затвориме проблемот со недостиг на места во градинките, рече Панов, по пуштањето  на детската градинка.

Објектот располага со 162 метри квадратни корисна површна и 96 метри квадратни дворно место.

Comments are closed.

Close Search Window