20 јуни 2018 година, Скопје – МФ Драган Тевдовски присуствуваше на попишувањето на договорот помеѓу ЕБОР и Охридска банка. Со договорот на малите и средни претпријатија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за нови инвестиции.

 Министерот истакна дека ваквите кредитни линии кои ги поддржуваат инвестициите на малите и средни претпријатија се од големо значење за економијата.
– Кредитната линија од ЕБОР, преку Програмата за поддршка на конкурентност и иновативност, е стимул за вложувања во нови производни капацитети и отворање на нови работни места. За време на годишните состаноци на ЕБОР со претставници од банката зборувавме за вложувањата во приватниот сектор и заклучивме дека ова е навистина добар проект. Со вкупен фонд од 30 милиони евра и 6 милиони евра ЕУ инвестициски грантови оваа линија е ликвидносна инјекција, која ќе придонесе за раздвижување во секторот мали и средни претпријатија, рече Тевдовски.


Кредитната линија содржи механизми за стимулирање на инвестициите. Малите и средни претпријатија за 15 проценти од реализираната инвестиција ќе може да добијат поврат на средствата во форма на грант. Ваквата пракса ќе даде добри остварувања, бидејќи фирмите ќе бидат мотивирани да го завршат проектот.

Comments are closed.

Close Search Window