Министерот за финансии Зоран Ставрески и германската амбасадорка во Македонија Улрике Кноц денеска потпишаа Спогодба за заем за Проектот „Водовод и канализација на општините фаза 1“ и Протокол за финансиска и техничка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на СР Германија.

&nbsp

Со двата документа Германија и доделува средства на Македонија во износ од 98.6 милиони евра со рок на враќање од 30 години со вклучени 10 години грејс период и два отсто годишна камата.

&nbsp

Со Протоколот се дефинира развојната соработка меѓу двете земји во областите водоснабдување, одведување и третирање на отпадните води, одржлив економски развој и енергетска ефикасност и обновлива енергија.Со Спогодбата пак, на Македонија и се доделува заем во износ од 8.635.000 евра за обезбедување одржливо снабдување со вода за пиење на населението во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Неготино, Радовиш и Тетово, како и донација од 1,5 милиони евра за придружните мерки.

&nbsp

Министерот Ставрески, искажувајќи благодарност за континуираната соработка и поддршка што и ја дава Сојузна Република Германија на Република Македонија, рече дека денешното потпишување на Спогодбата за развојна соработка покажува дека Германија и натаму останува еден од главните политички и економски партнери на Македонија.

&nbsp

– Спогодбата се однесува на развојна соработка што Германија ќе ја обезбеди за Македонија во износ од вкупно 90 милиони евра од кои 60 милиони евра за проекти во енергетиката, пред се за ревитализација на македонските хидроелектрани и за ветерни паркови, значи за чисти и обновливи извори на енергија, а 30 милони евра ќе бидат искористени за проекти за водоснабдување и канализации во осум македонски општини, рече Ставрески.

&nbsp

Тој посочи дека од претходната Спогодба со СРГерманија за првиот дел од проектот за водоснабдување на општините се одвоени 8.635.000 евра и додаде дека истите услови за заем важат за сите 90 милиони евра.

&nbsp

– Тоа значи дека вкупно за водоснабдување ќе бидат обезбедени 38.635 милиони евра. Во првата фаза од проектот се 8.635 милиони евра, а потоа уште 30 милиони евра. Се работи за голема и значајна помош не само финансиска, туку и помош која покажува дека Германија има голема доверба во нашите перспективи за интеграции во ЕУ и НАТО, рече Ставрески.

&nbsp

Министерот за финансии појасни дека реализацијата на заемот ќе се одвива неколку години зависно од подготвеноста на проектите од кои некои се во напредна фаза како што се проектите за ревитализација на хидроелектраните во износ од 27 милиони евра и за ветерни паркови.

&nbsp

– Кај водоснабдувањето некои од општините се понапред, а на некои ќе им треба подолго време така што очекуваме во наредните две-три години да се реализираат проектите, рече Ставрески.

&nbsp

Германската амбасадорка во Македонија Кноц повтори дека денеска потпишаната Спогодба и Протокол се доказ за германско-македонската соработка и поддршката што Германија и ја дава на Македонија на патото кон евроатлантските интеграции.

&nbsp

– Се надеваме дека проектите кои се дел од Протоколот ќе помогнат за подобрување на животот и животните услови во Република Македонија, рече Кноц.

&nbsp

Прашана како очекува да се насочи Македонија доколку добие позитивна оценка во Извештајот на ЕК, Кноц рече дека позитивната оценка за Македонија ќе значи мотивација и позитивна насока на земјата.(МИА)

Comments are closed.

Close Search Window