Измените произлегуваат од препораките на Евростат. Измените на Собрание ги образложи заменик министерот Елези

9 октомври 2018 година, Скопје – Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за државна статистика влезе во собраниска процедура. Со предлог измените се предвидува промена на структурата на Советот за статистика и воведување ново тело – Координативен комитет.

Предложените измени и дополнувања на Законот за државна статистика, произлегуваат од дадените препораки од страна на Евростат. Ова го истакна заменик министерот за финансии Ширет Елези при образложување на предлог измените. 


Во рамки на Советот, членовите од државната управа се менуваат со претставници на бизнис заедницата. Претставниците ќе се именуваат од стопанските комори.

Координативниот комитет ќе биде во улога на зајакнување на координативната улога на ДЗС. Истиот ќе биде составен од претставници на Заводот и останатите овластени носители во националниот статистички систем.
Претседател се предлага да биде директорот на Државниот завод за статистика. 

Comments are closed.

Close Search Window