Програма на економски реформи 2023-2025

 

Програмата на економски реформи (анг. Economic Reform Programme – ERP), е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Овој документ се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на земјите членки на ЕУ, односно за вклучување во процесот на европскиот семестар за координација на економските политики во ЕУ.

Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика, и детален приказ на структурни реформи кои треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и креирање на работни места.

Подготовката на овој документ на ниво на Влада е координирана од страна на Министерството за финансии, и е резултат на интензивна меѓуресорска соработка. По нејзиното доставување до ЕК, програмата се разгледува со претставници на ЕУ во текот на април и мај, во рамки на економско-финасискиот дијалог при Советот на ЕУ. Дијалогот завршува со усвојување на заеднички заклучоци со препораки за земјата, кои треба да се земат предвид при подготовка на наредната програма на економски реформи.

Програмата на економски реформи 2023-2025 е усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија на 01 февруари 2023 година, и истиот ден официјално е доставена до Европската Унија. Повеќе информации за ПЕР прочитајте овде

Програма на економски реформи 2023-2025

Програма на економски реформи 2022-2024
Програма на економски реформи 2021-2023
Програма на економски реформи 2020-2022
Програма на економски реформи 2019-2021
Програма на економски реформи 2018-2020
Програма на економски реформи 2017-2019
Програма на економски реформи 2016-2018
Национална програма на економски реформи 2015-2017
Претпристапна економска програма 2014-2016
Претпристапна економска програма 2013-2015
Претпристапна економска програма 2012-2014
Претпристапна економска програма 2011-2013
Претпристапна економска програма 2010-2012
Претпристапна економска програма 2009-2011
Претпристапна економска програма 2008-2010

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.