„МФ првпат добива нова зграда и лик, која во иднина кога ќе се спомене Министерството ќе се поврзува со сликата на таа институција.

 „МФ првпат добива нова зграда и лик, која во иднина кога ќе се спомене Министерството ќе се поврзува со сликата на таа институција.

Со доградбата на овој објект, којшто е започнат пред 25 години конечно е надминат проблемот што се јавуваше поради користење различни локации во кои беше сместено Министерството за финансии и го отежнуваше нормалното и ефикасно работење.

Новата зграда на МФ има 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, а она што особено ме прави горд е што освен убавината, истовремено е и извонредно функционален објект, којшто е енергетски најефикасен во Македонија. Се работи за современа градба, особено во делот на функционирањето на системите за ладење, греење, и сè што една зграда ја прави современа и енергетски ефикасна. Ова е смарт зграда насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината.

 

Како министер, очекувам во новата зграда да се направат нови проекции за раст на македонската економија, раст за кој во иднина се надеваме дека ќе биде повисок и ќе овозможи нови работни места. Очекувам секторот за макроекономија да биде на висина на задачата, буџетот и трезорот да продолжат со навременото исплаќање на обврските кон граѓаните и фирмите и планирањето на буџетот, Бирото за јавни набавки да заштеди значителни средства…..

Очекувам, секторите даноци и царина да ги задржат најниските даноци во Европа и да овозможат Македонија и натаму да има најдобра бизнис клима, а финансискиот сектор да помогне да ја задржиме стабилноста на банкарскиот систем. Сите заедно да го реализираме проектот отпис на долгови и да им помогнеме на граѓаните, но и да продолжиме со проектот „Купи куќа купи стан“.

Во новата зграда се сместени современ прес-центар, конференциска сала и најсовремена компјутерска систем сала која ќе овозможи непречено функционирање на Министерството за финансии, а пред сè на трезорот и буџетот, како витални сектори на платниот промет и на државата.“

Зоран Ставрески, Вицепремиер и Министер за финансии, 29 август 2014

 

Галерија

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window