27 февруари 2018, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 27.02.2018 година издаде државни хартии од вредност во износ од 2,042 милијарди денари (33,2 милиони евра). На 26.02.2018 година и на 28.02.2018 година по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе отплати вкупно 1,637 милијарди денари (26,6 милиони евра). Со ова, нето задолжувањето со оваа аукција изнесува 405 милиони денари (6,6 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 635 милиони денари со камата од 1,20% и 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 1.407 милијарди денари со камата од 2,20%. Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат се 3 – годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,1 милијарда денари, со каматна стапка 2,65%, и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 537 милиони денари со каматна стапка 5,15%.

Во текот на месец февруари по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 3,857 милијарди денари или 62,72 милиони евра.

Известувањата за аукцијата можете да ги преземете на следните линкови:

12-месечни државни записи

5-годишни државни обврзници

 

 

Comments are closed.

Close Search Window