12 Декември 2017, Скопје-Министерството за финансии на одржаната аукцијата издаде државни хартии од вредност во износ од 325 милиони денари (5,3 милиони евра).

Станува збор за 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 265,0 милиони денари со камата од 1,45% и 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 60,0 милиони денари со камата од 2,35%.

На 13.12.2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 150,0 милиони денари (2,4 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 175,0 милиони денари (2,8 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија. 

6-месечни државни записи со девизна клаузула

3-годишни државни обврзници без девизна клаузула

Comments are closed.

Close Search Window