23 јануари 2018, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 23.01.2018 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1.475,18 милиони денари (23,98 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 474,99 милиони денари со камата од 1,20%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 440,19 милиони денари со камата од 3,70% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 560,00 милиони денари со камата од 3,20%.

На 24.01.2018 година и на 29.01.2018 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 1.475,01 милиони денари (23,98 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.

Резултатите од аукцијата можете да ги погледнете и на следните линкови:

12-месечни записи

15-годишни обврзници (без девизна клаузула)

15-годишни обврзници (со девизна клаузула)

Comments are closed.

Close Search Window