6 март 2018, Скопје – Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 3,450 милијарди денари (56,1 милиони евра), од кои утре ќе ја врати истата сума, односно 3,450 милијарди денари (56,1 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Со ова, нема нето задолжување со оваа аукција.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,810 милијарди денари со камата од 1,20%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 300 милиони денари со камата од 0,90%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 200 милиони денари со камата од 1,60%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 70 милиони денари со камата од 3,70% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 70 милиони денари со камата од 3,20%.  Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,670 милијарди денари со камата од 1,85%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 700 милиони денари со камата од 1,75% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 80 милиони денари, со каматна стапка 5,15%.

Во текот на месец март по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 9,177 милијарди денари или 149,2 милиони евра.

Резултатите од денешната аукција можете да ги преземете на следните линкови:

12-месечни државни записи со девизна клаузула

12-месечни записи без девизна клаузула

2-годишни државни обврзници без девизна клаузула

15-годишни обврзници без девизна клаузула

15-годишни обврзници со девизна клаузула

 

Comments are closed.

Close Search Window