15 мај 2018, Скопје – Нема ново нето задолжување со денешната аукција. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1 милијарда денари (16,3 милиони евра), од кои утре ќе се вратат 750 милиони денари (12,2 милиони евра), а на 30.05.2018 година дополнителни 256,5 милиони денари (4,2 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Поточно, вкупно до крајот на месец мај ќе се вратат 1 милијарда денари (16,3 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,00%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат утре и на 30.05.2018 соодветно се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 750 милиони денари со камата од 1,75% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 256,5 милиони денари, со каматна стапка 4,90%. 

Во текот на месец мај по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,6 милијарди денари или 25,3 милиони евра.

Comments are closed.

Close Search Window