16 октомври 2018, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 3,5 милијарди денари (56,9 милиони евра), од кои утре по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност ќе се вратат 1,6 милијарди денари (26,2 милиони евра), а на 20.10.2018 година ќе се вратат 690 милиони денари (11,2 милиони евра). Со ова, нето задолжувањето од оваа аукција изнесува 1,2 милијарди денари (19,5 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 800 милиони денари со камата од 0,90%, 2-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 899,6 милиони денари со камата од 0,90%, 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 600 милиони денари со камата од 1,50% и 30-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1,2 милијарди денари со камата од 4,50%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1,5 милијарди денари со камата од 1,85% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 128 милиони денари со камата од 4,60%, а на 20.10.2018 година се отплаќаат 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 690 милиони денари со камата од 2,80%.

Во текот на месец октомври по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 7,4 милијарди денари или 120,6 милиони евра.

 

 

Comments are closed.

Close Search Window