20 ноември 2018, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 6 милијарди денари (97,6 милиони евра), од кои утре ќе се врати приближно ист износ, или 5,9 милијарди денари (97,2 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,1 милијарди денари со камата од 0,90%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 750 милиони денари со камата од 1,30%, 2-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 700 милиони денари со камата од 0,90% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 440,6 милиони денари со камата од 2,90%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 5,7 милијарди денари со камата од 1,85% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 244 милиони денари со камата од 4,60%.

Во текот на месец ноември по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 6,4 милијарди денари или 103,3 милиони евра.

Comments are closed.

Close Search Window