29 јануари 2019, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,6 милијарди денари (26,0 милиони евра), од кои по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, Министерството за финансии на 26.01.2019 година веќе врати 860 милиони денари (13,9 милиони евра). 

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари по каматна стапка од 0,80%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 200 милиони денари по каматна стапка од 0,50% и 30-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 900 милиони денари каматна стапка од 4,30%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои веќе се отплатија се 2-годишни државни обврзници со и без девизна клаузула во вкупен износ од 860 милиони денари со камата од 2,30% односно 2,20%, респектвино.

Во текот на месец јануари по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,9 милијарди денари или 32,2 милиони евра. 

Comments are closed.

Close Search Window