5 март 2019, Скопје – На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 8 милијарди денари (130 милиони евра), од кои утре ќе се вратaт 7,23 милијарди денари (117 милиони евра), a на 11.03.2019 ќе се вратат 700 милиони денари (11,38 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 7,0 милијарди денари со камата од 0,80% и 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,0 милијарда денари со камата од 1,70%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 6,93 милијарди денари со камата од 1,20%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 300 милиони денари со камата од 0,90%, а на 11.03.2019 ќе се отплатат 2-годишни државни обврзници во износ од 700 милиони денари со камата од 2,10%.

Во текот на месец март по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 8,94 милијарди денари или 145,31 милиони евра.

 

 

 

Comments are closed.

Close Search Window