21 ноември 2017, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 21.11.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1.938, 65 милиони денари (31,52 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.135 милиони денари со камата од 1,85% и 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од  803,65 милиони денари со камата од 3,80%.

На 23 ноември 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 505,3 милиони денари (8,2 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 1433,4 милиони денари (23,3 милиони евра) ќе биде искористена за финансирање на буџетскиот дефицит.

Известувањата за аукциите можете да ги преземете на следните линкови:

12-месечни државни записи

15-годишни државни обврзници

Comments are closed.

Close Search Window