24 април 2018, Скопје – Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 3,6 милијарди денари (58,5 милиони евра), од кои утре ќе врати 2,4 милијарди денари (38,5 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. 

Со ова, нето задолжувањето од оваа аукција изнесува 1,2 милијарди денари (20 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,4 милијарди денари со камата од 1,20% и 30-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1,2 милијарди денари со камата од 4,85%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,2 милијарди денари со камата од 1,85% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 170 милиони денари, со каматна стапка 4,90%. 

Во текот на месец април по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за отплата 4,1 милијарди денари или 67,5 милиони евра.

Comments are closed.

Close Search Window