28 јули 2018, Скопје – Ограничувањето на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити е главната цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Со ограничувањето на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците кои граѓаните го плаќаат при користење на потрошувачки кредити. за потрошувачките кредити на граѓаните. Намалувањето ќе биде најзначајно кај кредитите во кои се одобруваат мали износи,  со кратки рокови на отплата, т.н. „брзи кредити“.

На овој начин ќе се намали ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите.

Најавата за новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити е прикачена на платформата ЕНЕР. Во текот на следната неделата целосниот текст на законот ќе биде објавен за јавна консултација.

Министерството за финансии има обврска да се грижи за сите граѓани.

Comments are closed.

Close Search Window