Скопје, 4 септември 2014 (МИА) – Собранието на Република Македонија попладнево на пленарна седница го донесе дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2014 година.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, образложувајќи го дополнетиот предлог ребаланс, рече дека ребалансот се прави со цел усогласување на динамиката на реализација на расходите особено во делот на инфраструктурните проекти со динамиката на приходи.

Спроед него, станува збор за мини ребаланс со кој се врши корекција и на приходната и на расходната страна која е помала од два процента и претставува мал ребаланс, но, како што додава, потребна за да се заврши годината онака како што се планираше со фискална дисциплина и задржување на главните параметри на фискалната политика во проектираните рамки.

Најголемата промена што се прави на расходната страна, како што истакна, е обезбедување дополнителни средства од 1,42 милијарди денари за иградба на Коридорот 10, односно автопатот Демир Капија-Смоквица кој се одива со поинтензивна динамика од предвидувањата и е планирано да заврши до август 2016 година. Како што посочи, додавањето средства во оваа ставка предизвикува и зголемување на буџетски дефицит кој се позиционира на 3,9 проценти.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window