30 ноември 2017, Скопје – Регионот на Западен Балкан треба да биде област каде стоките, услугите и инвестициите и обучените работници се движат слободно и каде полесно се води бизнис и каде трговијата е олеснета на повисоко ниво, со признавање на сите гранични документи, поврзани со трговијата, беше истакнато денеска на средбата на директорите на царински управи од регионот на кој присуствуваа и претседателот на Владата на РМ Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Како што беше истакнато од министерот за финансии Тевдовски, со   воспоставување на регионална економска област ќе се постигне еден вид заеднички единствен пазар, каде движењето на стоката ќе биде во голема мера олеснето, бидејќи превозните средства и стока ќе ги минуваат границите без никакво задржување и чекање, што пак ќе доведе до поголеми заштеди во работењето, зголемен економски раст и инвестиции.

Министерот за финансии посочи дека за да се постигне оваа цел потребно е институционално зајакнување на Царинската Управа како и на законската рамка, што е предвидено со Програмата за управување со јавните финансии 2018-2021 година.

-Со Програмата е планирано зајакнување на законската рамка во насока на усогласување со најдобрите европски практики, подобрување на царинските услуги и постапки преку зајакнување на оперативните капацитети и зајакнување на контролниот систем – истакна Тевдовски.

 

 

 

 

 

Comments are closed.

Close Search Window