25 октомври 2018, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски денес се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Рејчел Галовеј.

Министерот и амбасадорката зборуваа за економската соработка помеѓу двете земји, како и поддршката што Обединетото Кралство го дава за развојот на капацитетите на институциите.

На средбата беше заклучено дека земјата има прогрес во унапредување на јавните финансии. Исто така беше истакнато дека и во иднина ќе продолжи партнерскиот однос и поддршката која Обединетот Кралство и ја дава на Македонија.

Велика Британија е значаен трговски партнер на Република Македонија. Во 2017 година трговската размена со оваа земја достигна највисока вредност и изнесуваше 758,6 милиони евра, што претставува раст од 6,9% во однос на 2016 година.

Comments are closed.

Close Search Window