9 јуни 2018, Сплит – Министерот за финансии Тевдовски оствари средба со холандскиот министер за финансии Укстра за време на Конституенцата Светска банка-ММФ, која се одржува во Сплит. Извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк исто така присуствуваше на средбата.

За време на состанокот, министерот Тевдовски се заблагодари за поддршката која Холандија и ја дава на Македонија во секторот јавни финансии. Тевдовски исто така информираше за амбициозниот план за реформи во јавните финансии, кој е усвоен од Владата и чија имплементација е во тек. Двата министра зборуваа и за важноста на транспарентноста во јавните финансии. Притоа, министерот Тевдовски посочи дека зголемување на транспарентноста е еден од главните приоритети на Владата на Македонија.

За време на состанокот се зборуваше и за Меморандумот за соработка 2017-2019, кој беше потпишан помеѓу двете министерства во август 2017 и кој предвидува билатерална соработка преку размена на искуства, обуки и консултации за јавните финансии. Во контекст на интензивирање на соработката министерот Тевдовски го покани холандскиот министер да ја посети Македонија.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window