9 септември 2014 – Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес е во посета на Азербејџан. Во состав на делегацијата се и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски и советникот за странски инвестиции Хади Незир.

Вицепремиерот Ставрески имаше средба со министерот за економија и индустрија на Азербејџан Шахин Мустафајев на која беше зборувано за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји, како и можностите за нејзино унапредување.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари состаноци и со повеќе компании од областа на градежништвото, прехранбената индустрија, како и средба со турско – азербејџанската бизнис асоцијација ТУСИАБ. На состаноците со овие компании беа дискутирани можностите за соработка и им беа презентирани поволностите за инвестирање во Македонија.

Делегацијата присуствуваше и на бизнис форум кој се одржува во Бизнис центарот АЗПРОМО на кој учествуваат педесетина компании од различни области и е одлична можност за договарање соработка со целни сектори.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window