Струмица, 1 февруари 2014 (МИА) – За десетина дена граѓаните ќе може да поднесуваат барања за откуп на дворните места во рамките на последното продолжување на рокот за дополнителни девет месеци.

Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната работна посета на општина Василево.

– За 10 дена од денес, граѓаните веќе ќе можат да поднесуваат документи за откуп на дворни места по едно евро од квадрат. Следната недела во Собранието ќе треба да помине Законот и ќе може да се поднесуваат документи, изјави Ставрески одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека процедурата е едноставна. – Граѓаните ќе треба да донесат само копија од лична карта и имотен лист во подрачните единици за имотно правни работи, појасни министерот за финансии.

Дополнителниот рок е девет месеци и апелира до граѓаните да ги откупат своите дворни места за едно евро по метар квадратен, бидејќи, како што рече, им се овозможува да станат стопани на својот имот и еднаш засекогаш на најдобар начин да ги решат имотните работи.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window