Скопје, 10 октомври 2014 (МИА)  Македонска делегација, во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов, од денес учествува на редовните Годишни средби на СБ и ММФ во Вашингтон.

Скопје, 10 октомври 2014 (МИА) – Македонска делегација, во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов, од денес учествува на редовните Годишни средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон.

Како што соопшти Министерството за финансии, предвидено е вицепремиерот Ставрески да оствари средби со високи претставници на Светска банка, ММФ и Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Ставрески ќе има состаноци со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскерк, со потпретседателката Лаура Tак и со директорката за регионот и Македонија Елен Голдстеин. Од ММФ, вицепремиерот ќе се сретне со извршниот директор на Фондот Мено Шнел, заменик директорот за одделот Европа Филип Герсон и шефот на тимот за Македонија Ивана Владкова Холар.

За време на Годишните средби вицепремиерот Ставрески ќе има состаноци со високи претставници на ЕБОР како Жан Марк Петершмит, директор за Централна и Југоисточна Европа, на кои тема ќе бидат клучните проекти од патната и железничката инфраструктура и гасификацијата кои ги поддржува Банката.

Есенските состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки на кои дискутираат за актуелните случувања во светската економија.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window