Кочани, 9 декември 2013 (МИА) – Република Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек, така што е најавено, со тоа што ја поттикнува Европската комисија и Русија да отворат директен дијалог, односно Гаспром и ЕК за решавање на сите прашања што Европската комисија ги потегна во однос на реализизацијата на овој крупен меѓународен проект, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Кочани.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ставрески нагласи дека проектот не само што сам по себе има економско и општествено значење, туку и е значаен и за подобрување на конкуретноста на економиите кои се вклучени во неговата реализација.

– Очекувам преку директен дијалог, Европската комисија и Гаспром да ги решат отворените прашања, истакна вицепремиерот Ставрески по пуштањето во употреба во две улици во Кочани.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window