Скопје, 21 декември 2014 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески зборувајќи за напредокот и реформите на на Република Македонија рече дека процесот ќе се надоградува со нови 32 генерални мерки.

Посочи дека во континуитет се подобруваат условите за водење бизнис и според извештајот на Дуинг бизнис Македонија е рангирана на 30 место меѓу 189 држави во светот. Потсети дека земјите од регионот се рангирани зад Македонија.

– Истовремено сме подобро рангирани од 16 европски земји, значи членки на ЕУ, Франција е едно место зад нас, Полска две места, Шпанија  три места зад нас, Словачка е 37 итн. Меѓутоа ова е процес што мора од година во година постојано да се надоградува. Затоа, ние како координатори на реформите во овој дел предлагаме нови 32 мерки, коишто се 32 генерални мерки, во рамки на нив има дополнителни подзаклучоци, некаде  над 50 нови мерки ќе дојдат. Со нив во секој  сегмент од сите 10-11 индикатори што ги опфаќа Извештајот Дуинг бизнис предлагаме мерки за подобрување на  состојбите, рече Ставрески.

За започнување бизнис, во што РМ е трета во светот, тој предложи две мерки – проширување на категоријата за регистрационен агент со тоа што и адвокатите би се вклучиле во  оваа категорија и органзиирање континуиранан обука и поддршка на регистрационите агенти, односно  да можат побрзо да ги работат уписите и бришењето на фирми.

Во однос на плаќањето даноци, рече Ставрески, РМ е седма во конкуренција на 189 земји.
– Бевме 38 минатата година и тука имаме најголем скок во текот на една година. Во тој дел значи предлагаме да ги повториме мерките што ги воведовме во 2014 година и има посебна информација од УЈП во делот  на електронски даноци. Тука трендовите се добри. Се поголем број  правни и физички лица ја користат можноста електронски да ги поднесуваат пријавите,рече меѓу другото Ставрески.

Comments are closed.

Close Search Window