Скопје, 10 јануари 2015 (МИА) – Канцеларијата посветена на проектот „Купи куќа, купи стан“, која од понеделник ќе биде отворена во Министерството за финансии, според вицепремиерот Зоран Ставрески ќе им помогне на граѓаните полесно да донесат одлука и да дојдат до сопствен дом.

– Се решивме во Министерството за финансии да има отворена канцеларија во која во одреден дел од денот граѓаните ќе може да дојдат, да се сретнат со луѓето од Министерството за финансии кои ќе им помогнат во тој процес и да се информираат и да донесат таква одлука, изјави денес вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по официјалното доделување на клучевите од станот на добитникот од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“.  

Тој додаде дека од понеделник во Министерството за финансии ќе има отворена канцеларија, редовна за проектот „Купи куќа, купи стан“ и тоа токму заради интересот на граѓаните на едно место да се добиваат информации за Проектот, за слободните станови кои се до 900 евра по метар квадратен, потоа за тоа од кои банки можат да добијат кредити, кои се условите, како и тоа колку помош ќе добијат од државата.

Comments are closed.

Close Search Window