Скопје, 24 декември 2014 (МИА) – Зголемен е интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во последните два месеца, по одржување на двата саема за овој проект, одобрени се 90 барања за субвенциониран кредит, изјави денес вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по средбата на Коалицијата „За подобра Македонија“.

– „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес, врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември има нови 40 барања за субвенција, а претходно имавме 50. Откако почнавме со саемите, 90 семејства го решија прашањето за сопствен дом. Така ќе продолжиме и понатаму, рече Ставрески.

Вториот саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ е во тек во ТЦ „Рамстор“ на кој градежни компании, банки и претставници од Министерството за финансии ги запознаваат заинтересираните за можностите за учество во Проектот. Саемот ќе трае до 28 декември.

Comments are closed.

Close Search Window