Росоман, 1 октомври 2015 (МИА) –  Светска банка го одобри кредитот од 83 милиони евра за изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка. Тендерот треба да биде објавен наскоро и напролет да почнат градежните работи.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески  при денешната посета на општина Росоман, истакнувајќи дека тоа е добра вест за жителите на Крива Паланка, Ранковце и цела североисточна Македонија.

– На еден дел ќе се изгради нов експресен пат, а на еден дел ќе се направи реконструкција со што патот ќе биде безбеден за сообраќај и полесен за возачите, изјави вицепремиерот Ставрески.

Патот е во должина од 26,5 километри и ќе има по две ленти од двете страни.

Comments are closed.

Close Search Window