Секторот за централно финансирање и склучување договори има посебна интернет страница на која се објавуваат сите релевантни информации за искористувањето на ИПА помошта во Република Северна Македонија – cfcd.finance.gov.mk.
Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) е сектор во рамките на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, кој е надлежен за стабилно финансиско управување проекти кои се финансираат од страна на следниве ИПА компоненти:
- ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење институции
- ИПА Компонента III – Регионален развој
- ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси
ЦФЦД претставува водечко тело во рамките на Оперативните структури за ИПА Компонентите I, III и IV, како и надлежен орган кој ќе врши склучување договори, и кој е единствено одговорен за спроведување на тендерирските постапки и плаќања поврзани со проекти финансирани од ЕУ.
Раководителот на ЦФЦД во исто време е назначен и за програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I, како и раководител на оперативна структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV.
Задачите кои се однесуваат на програмирање, техничка имплементација и следење на реализацијата на договорите се делегирани на надлежните линиски министерства/ институции – кориснички, со Оперативен договор потпишан од страна на ПАО/ХОС и вишите програмски службеници СПО/ ИПА координатори.
ЦФЦД ја надгледува реализацијата на проектите, а ПАО/ХОС ја задржува целосната одговорност за реализација на истите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на СПО/ ИПА координаторите.
Лица за контакт:
Раководител на сектор
Радица Коцева
тел: 02 3255-374
radica.koceva@finance.gov.mk
[collapsed title=Одделенија]
Одделение за ЕУ јавни набавки и склучување договори
Катерина Јовчевска, раководител на одделение
тел: 02 3255-393
katerina.jovcevska@finance.gov.mk
Одделение за општи работи и контрола
Дафинка Јаковска-Велкоска, раководител на одделение
тел: 02 3255-376
dafinka.jakovska-velkoska@finance.gov.mk
Одделение за финансиски работи
Билјана Стојановска, раководител на одделение
тел: 02 3255-390
biljana.stojanovska@finance.gov.mk
Одделение за следење програми
Билјана Петровска, раководител на одделение
Т: 02 3255-404
biljana.petrovska@finance.gov.mk
[/collapsed]